дома » Блог » Собрани 401.598 евра на солидарната сметка на Црвен крст но дијаспората слабо донирала?

Собрани 401.598 евра на солидарната сметка на Црвен крст но дијаспората слабо донирала?

Според информациите што ги објави Дневник досега (12ти Август 2016) биле Собрани 401.598 евра на солидарната сметка на Црвен крст, и од телефонските броеви. Сметката на Фондот на солидарност на Црвен крст до сега има собрано 9.630.333 денари (156.590 евра), а од донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 до сега се собрани 8.918.000 денари (145.008 евра) велат од Црвен крст за „Мета“.

Имаќи во предвид дека 1.6 евра се донирало со секој повик на телефонскиот број тоа значи 90 илјади луѓе донирале или биле остварени 90 илјади повици од помала група на луѓе, но читајќи ги про-владините медиуми ќе дојдете до заклучок дека преку телефон се собирале донации само од територијата на Македонија. Весникот Република се потсмева на 17 илјади долари што ОМД ги испрати од 20 илјади досега собрни како донации наменети за загрозените од поплавите пишуваќи дека „ се чека на добротворни забави и балови“. Бројките на кои се потсмева Репиблика не само што не се точни но не се и комплетни на пример : донации преку телефон може да се праќа од цел свет не само од територијата на Македонија ,што значи тие 90 илјади повици не се само донации од Македонија.14012864_10206781449159370_1635786766_o

Република не зема во предвид дека луѓето од дијаспората испратиле донации до нивни роднини и пријатели кои после ги донирале во Црвен крст. Постојат луѓе од дијаспората кои испратиле поголема сума на пари дирекно на сметката на Црвен крст што би влегле во целокупната сума собрана на сметката на Црвен крст.
Република пишува дека „Македонците ширум светот успеале да соберат, односно во прв момент да одвојат се на се 15.242 евра! Или ако се поделат на овие 243 доброчинители Македонци по потекло низ светот, излегува дека секој од нив одвоил по неполни 63 евра“, без да се се земе во предвид дека според мои информации еден сам човек од дијаспората донирал дирекно на Црвениот Крст 20 илјади долари тој просека на Република би бил драстично поголем нели?

А дали Република ги земела во предвид 12,590 долари спобрани преку gofundme.com од некој си Зоран Ивановски? Иако не е точно јасно како ќе бидат употребени донациите собрани преку gofundme.com но таму Зоран Ивановски вели „Почнуваме со реализација на помошта. После консултации со тимот кој работи на терен најнеопходни во моментот се гумени чизми и нараквизи со цел да може доброволците чии број е се поголем да ги извржуваат задачите.
Поради тоа со дел од помошта се префрлени средства од донациите за 1000 гумени чизми за почеток“.

Точно е дека бројот на луѓе што донирале од дијаспората е мал но нели не треба да се потсмеваме на тие што донирале?

Луѓето колку можеле донирале ,колку донации собра весникот Република?  Секоја донација е добредојдена нели? .. но дали секој секој долар или според Република изброено во евра, валута која е поблиска за разбирање (демек цел свет користи евра) секое евро ќе стигне до луѓето на кои им е потребно? Одговорот е не, за  секое евро што било донирано до луѓето на кои им е потребно за жал ќе стигнат само 30% или големи суми еднставно може да исчезнат без објаснување, останува да видиме дали Црвениот Крст ќе објави како биле трошени парите,но до тогаш сите ние треба да донираме да им помогнеме на тие што им треба.