Банер

Macedonia for the Macedonians


Банер
Банер
Банер

.:Macedonia News:.

Македонија

  • СДСМ: Власта го предвидела барокот, а ги заборавила темелите

    aleksandar naumovski_maj_2012„Наместо да ги решаваат проблемите на граѓаните, градските власти пред пет месеци решија да потрошат 10 милиони евра за изградба на нова барокна административна зграда на ЈП „Водовод и канализација“. Ова на денешната прес-конференција го изјави Александар Наумоски, заменик-координатор на советничката група на СДСМ во Град Скопје.
    Наумоски додаде и дека Бирото за јавни набавки објавило известување за склучен нов договор помеѓу „Водовод“ и австриската фирма „Алпине“ заради непредвидени и дополнителни работи настанати при изградбата на новата управна зграда, во износ од 12,5 милиони денари или околу 203.000 евра.



  • СДСМ: Новиот бран е фасада со која Груевски го пресретнува незадоволството на граѓаните

    sdsm-stabСпоред опозиционата СДСМ, новиот бран кој го спроведува владејачката партија, била фасада со која Никола Груевски го пресретнувал незадоволството кај граѓаните.

    “Партиско-пропагандниот театар на ВМРО ДПМНЕ наречен “нов бран“ е обична фасада со која Никола Груевски се обидува да го пресретне незадоволство кај граѓаните. Денес сме сведоци на уште едно скандалозно признание. ВМРО-ДПМНЕ соопштува дека Македонија е во толкава мера партизирана држава што дури и директор на основно училиште се менува со партиска директива на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.



  • ВМРО- ДПМНЕ: Остварена првата фаза од новиот бран на партијата

    aleksandar-spasenovski-dpmneСо промените во најголем дел е остварена првата фаза од новиот бран на партијата, со кој се опфатени околу 150 позиции на различни нивоа, рече пратеникот Александар Спасеновски од партијата ВМРО- ДПМНЕ.

    “Нема напредок без реформи, нема развој без нови капацитети, тие го даваат квалитетот, тоа го раѓа напредокот. Успехот е резултат на континуирани промени. Тоа е целта на Новиот бран кој го промовираше ВМРО-ДПМНЕ. Ние тоа што го ветуваме и го исполниваме. Со вчерашните промени во најголем дел е остварена првата фаза од новиот бран, со кој се опфатени околу 150 позиции на различни нивоа- од директори на претпријатија, заменици директори, раководители на сектори, раководители на подрачни единици“, рече Спасеновски.



  • Протестен собир на ВМРО-ДПМНЕ пред Општина Карпош ,СДСМ реагираше

    vmro-sdsmВМРО-ДПМНЕ денеска одржа протестен собир пред општина Карпош поради најавите на градоначалникот Стевчо Јакимовски дека ќе ја продаде општинската зграда.
    - Расипничкото и недомаќинско однесување на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, ја доживеа својата кулминација. Општината е во милионски долгови, а Јакимовски како покритие бара да се продаде новата општинска зграда, објект кој што само пред две години беше целосно адаптиран, изјави Сашо Лазаровски.



  • Македонските бизнис можности презентирани пред 500 компании во Кина

    grujo-vo-kinreska-berza

    Петдневната посета на пет града во Кина, вклучувајќи го и Хонг Конг, беше доста успешна и од политички и од економски аспект, оцени премиерот Никола Груевски по неколкудневната посета на Кина каде заедно со владиниот тим ги презентираше можностите за инвестирање во Македонија.Тој истакна дека можностите за инвестирање во Македонија биле презентирани пред околу 500 компании во сите пет града во Кина и оцени дека имало добар одѕив.

    - Ова е прва ваква презентација на Македонија. Во минатото средбите и доаѓањето во Кина биле само од политички карактер. Ова е прво на ваков масовен начин доаѓање и презентирање на Македонија, би рекол и агресивен начин на претставување, со медиумска покриеност во речиси сите места каде што бевме, со интервјуа за локалните медиуми и со директни презентации пред инвеститорите и директни разговори со нив, нагласи Груевски.



  • Јанкулоска на средба со својот словенечки колега

    Gordana-Jankulovska-sediМинистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на маргините од Министерската конференција во рамките на Брдо процесот, оствари билатерална средба со својот словенечки колега, Винко Горенак.
    На средбата беше разговарано на повеќе теми од заеднички интерес а регулирани со постоечките билатерални договори меѓу Македонија и Словенија на полето на заедничката борба против тероризмот, организираниот криминал и недозволената трговија со дрога, како и околу заедничкиот договор за враќање на лица чие влегување или престој е во спротивност со важечките прописи.